Марсовец не е лош. Се плашев дека Ридли Скот ќе продужи во долна спирала (не дека одушеви). На почетокот ме дочека чуство на дежаву, испадна дека ја имам читано книгата... (т.е. ја слушав аудиокнигата).
Филмот (и книгата) уствари се решавање на серија на интересни проблеми. Да не влагам во спојлери ама имаше некои интересни проблем-солвинг моменти што не ги пренеле во филмот, нормално заради временски простор. И хемиските реакции/процеси беа поубаво објаснети во книгата.
Инаку филмот е подобар од книгата, што е реткост - но во овој случај не толку чудно, пошто книгата и не е нешто посебно добро напишана. Идејата сепак е очигледно добра, штом екипа со Ридли Скот и со Мет Дејмон снимила филм по истата.