Изгледани:
Nightcrawler, невпечатлив филм ама проаѓа за гледање. Гилентал си е стандардно добар, колку што може во плиткото сценарио. (филмот е за новинар од онаа лешинарската врста кои ловат несреќи и снимаат крвави детали, пошто денес се пушта во етер се и сешто во оваа „модерна ера„ на десензитирано општество)
Kraftidioten, ништо посебно ама проаѓа и тој. Норвешки филм за еден обичен примерен граѓанин чиј живот се преплетува со норвешката и српската (?) мафија. Да не правам спојлери, само ќе кажам дека има неколку исклучително забавни моменти каде српски гангстери разговараат за предностите на норвешките затвори (можам да си замислам како им звучи тоа на Скандинавците, кога и нам ни е смешно само што претпоставуваме како им изгледа тоа).
The Equalizer, ништо не очекував ама пријатно се изненадив. Добар филм, претенциозно забеган во насилство... ама со стил! Препорака за гледање. (главните црти на сценариото се клише: повлечен агент, заебан тип со кој мафијашка група имаат несреќа да им се прекрстат патиштата, клише е дефинитивно, ама изведбата е прилично добра и забавна).