Еве, јас ќе пробам да објаснам зошто (според мене) новиот Трансформерс е лош. Keep in mind дека ја сум огромен фан на Трансформерс. Растев со нив, имав (и сè уште имам) играчки, постери, тралала..
Ќе нафрлам работи што ми сметаат по рандом редослед (WARNING, HERE BE SPOILERS):
- Прво и основно, не е филм за трансформери. Филм е за луѓе со нафрлени трансформери.
- Трансформерите изгледаат смешно. Кога се во форма на робот нема скоро ништо што асоцира на тоа во што се трансформираат. Дополнително, дизајните се како да земете метални кукли за во продавница, да ги магнетизирате и да нафрлите рандом метални делчиња на нив, па што се фати, се фати.
- Можноста роботите кога сакаат да го сменат изгледот на возилото во кое се трансформираат (а со тоа и на роботот, индиректно) е глупава. Што ги спречува да одлучат сите да се трансформираат во тенкови?
- Соодветно на ова, ако трансформерот може да го смени возилото во кое се трансформира во било кое време (односно, да направи промена на молекуларно ниво), тогаш што к*р ќе им е поправање кога се оштетени?
- Ајде, роботите се поправаат. Бамблби веќе 4 филма зборува со аудио клипчиња? Интересна финта беше во првиот филм, после тоа стана досадно.
- Робот со акцент? Сериозно?
- Робот со цигара?
- Робот со коса?
- Робот со брада?
- Дајноботите не се "ancient warriors". Во историјата на Трансформерс, Дајноботите ги прави Wheeljack, и тоа додека се на нашава планета, инспириран од нашата историја. Не се постари од Autobots, и не се (до толку) ретардирани колку што се во филмот.
- Speaking of Dinobots, ако Optimus Prime можеше толку лесно да го победи Grimlock, за Grimlock да стане послушен, тогаш што кур ке им се Дајноботите? Очигледно е значително посилен од него, а и од другите.
- Возилата во кои се трансформираат се максимално нелогични. Поентата на Transformers е Robots in Disguise. Да можат роботите да се кријат прилично лесно, дури и in plain sight. Не гледам како е тоа можно ако роботот се трансформира во custom камион со огромно Autobots лого на решетката напред, ептен забележлива плава боја и нацртани пламени на страните?
- Кога го објаснија трансформирањето со „трансформиум“ сакав да станам и да излезам од кино.
- Мегатрон не станува Галватрон кога луѓе ќе го направат. Мегатрон станува Галватрон кога Unicron (еден од најстарите трансформери, се трансформира од огромен робот во огромна планета што уништува други планети) ќе го најде телото на убиениот Мегатрон и ќе го апгрејда и ќе го оживее.
- Максимално се слагам со забелешката на Васил - за филм што би требало да биде научна фантастика, дефинитивно шири анти-научна хистерија.
Edit:
- Филмот е пре-долг. Дваипол саати, многу.
- Продукт-плејсментот.. Леле, продукт-плејсментот.. За што да праиме муабет? За Bud Light што овој фраерски го пие, или за кинеското сокче што го пие научникот?
Енивеј, сигурно ќе ми текне уште..