Автор Тема: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!  (Прочитано 2122413 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6195 на: 12 Јули 2014, 09:43:47 am »
Прекрасен (и краткичок) документарец за Richard Dawkins и Lawrence Krauss, односно нивната кампања за промоција на науката, атеизмот и секуларноста низ светот.

Го препорачувам на сите.

После толку милиони изгледани јутјуб клипчиња со овие двајца, филмот мене не ми остави некој кој-знае-каков впечаток, во смисла ништо ново не ми кажаа. Ама тоа е до мене. :) Ko за некој (не ти!) кој прв пат се среќава со овие две фацки - верувам дека филмчето е екстра.

Мене од Dawkins најбољи ми е Enemies of Reason


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6196 на: 12 Јули 2014, 09:47:55 am »
Не сум сретнал нешто неодлично од Докинс досега, дали документарец, книга, интервју или видевце на јутјуб. :)

ЕДИТ: Претходните многу повеќе ми се допаднале, отколку последниов.
« Последно менување: 12 Јули 2014, 10:04:42 am Deni »

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6197 на: 12 Јули 2014, 10:01:50 am »
Прекрасен (и краткичок) документарец за Richard Dawkins и Lawrence Krauss, односно нивната кампања за промоција на науката, атеизмот и секуларноста низ светот.

Го препорачувам на сите.

После толку милиони изгледани јутјуб клипчиња со овие двајца, филмот мене не ми остави некој кој-знае-каков впечаток, во смисла ништо ново не ми кажаа. Ама тоа е до мене. :)

Не успеав ни до пола да стигнам. Многу без врска, многу надмено, најчесто опкружени со истомисленици кои се смеат на нивните лошо изведени шеги. Немаат харизма овие двајца за да снимаат филм, според мене. Во дебата се далеку поинтересни.


Тајсон многу добро објаснува што не е во ред со однесувањето на Дакинс, а воедно и со филмов.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6198 на: 12 Јули 2014, 10:09:12 am »
Вчера го гледав Bad Words.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Jason Bateman е режисер и во главната улога. Филмчето е одлично. Не е најкласична комедија, па можда нема на сите да им се свиѓа, ама го препорачувам со задоволство. :)

Го видов тука од тебе и викам, ај... и топ е филмчето!!!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6199 на: 12 Јули 2014, 10:45:51 am »
Тајсон многу добро објаснува што не е во ред со однесувањето на Дакинс, а воедно и со филмов.

Се согласувам. Dawkings, во суштина, is preaching to the choir. Иако, ќе повторам, Enemies of Reason е одлично филмче кое не ми пречи да го гледам одново и одново.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6200 на: 12 Јули 2014, 13:18:13 pm »
Да, Докинс е арогантен, ама тоа го прави интересен. Се слагам дека Анбиливерс не е толку добар како Enemies of Reason, али друга му е поентата - целта е да се покаже патувањето и зборувањето.

Тајсон е многу по кул, многу поопуштен во своето зборување и во начинот на пренесување знаење. Докинс е малку милитантен.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6201 на: 12 Јули 2014, 13:58:35 pm »
Докинс е арогантен, колку што непријатната вистина е арогантна.
Луѓето пречесто нарекуваат арогантно, нешто што не го разбираат а не им било сервирано со „должна почит„ и во облик што е лесен за разбирање и за мало дете, или за некој што во исто време игра некоја лесна игрица. Не помалку често за арогантност се зема и кога некој упорно ви зборува за нешто за што едноставно не сакате да слушате.

Не гледам како човекот е арогантен или нападен (ваљда тоа мислеше со „милитантен„ Зеро). Напротив додека го слушав како дискутира со разни creationist типови му се чудам на стрпливоста и љубезноста, особини кои не е лесно да ги поседува човек кога разговара со „упорно неуки„ какви се креационистите и сличните („упорно неуки„ го употребив како израз во недостиг на термин што ќе опише човечки пандан на ној со главата во земја).
Во дебата со колеги научници па уште помалку ми изгледа арогантен или нападен, навистина не знам од каде излезе тоа.

Како и да е, Докинс првенствено е еволутивен биолог. Ова што го гледате преку неговите документарци е пред се се неговата дебатни способности, кои на жалост по дифолт не може докрај да ги искористи со спротиставени соговорници од таа област (наука против религија).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6202 на: 12 Јули 2014, 14:27:13 pm »
Милитантен е заради тоа што не зазема „live & let live“ став како повеќето („ја сум атеист, али ти ако сакаш биди христијанин/муслиман/будист/уатевер“), туку директно ги напаѓа религиите и религиозните луѓе и директно им кажува дека грешат и дека тоа што го прават е погрешно.

Да не се разбереме погрешнo - I'm a huge fan of Dawkins.

Edit: http://www.ted.com/talks/richard_dawkins_on_militant_atheism

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6203 на: 12 Јули 2014, 15:58:49 pm »
Тешко е на верник да му докажеш нешто со индиректен пристап, или да прифатиш коегзистенција со неговите верувања. Проблемот е во тоа што наука и верување не одат ниту во иста реченица.
Како да им ја докажеш еволуцијата на верници креационисти кога ниеден доказ не го прифаќаат.
Еволуција? -Измишљотини!
Фосили? -Подметнатни невистини!

Што може тука писмен човек да направи?
Да разбере дека не може да се натера некој што е со главата во земја како ној, да види нешто што не сака да го види. Таквиот едноставно не сака ни да се обиде да ја види реалноста.
Затоа дискусијата Докинс ја води не за да се обиде да ги едуцира верниците креационисти, туку за да ги едуцира сите други кои не се толку забегани, или едноставно немале шанса правилно да се едуцираат. Затоа тие дискусии се снимаат и се ставаат на интернет, за да се едуцираат тие што сакаат да научат.


Да направам мала дигресија паралела со друг тип на верници.
Верници се и тие што веруваат слепо во догмата на естаблишментот во денешново човечко општество. Тие само црковната/верска-по-избор догма ја замениле со верата дека тие што го водат општеството, тоа го прават само и исклучиво за општо човечко добро.
Еве добар пример, како да убедиш луѓе како ФилипМ/Васил/рандом-други дека генетскиот инжинеринг (и целата наука во голема мера) е киднапиран од индустријата и тие кои истата ја користат единствено за остварување на економските интереси (кои пак се најважната алатка за владеење со целиот свет). Како да ги убедиш да ја извадат главата од земја, од розово обоениот свет во кој естаблишментот работи исклучиво за доброто на сите, розов свет во кој се е идеално и добро?

Се разбира дека не можеш да ги убедиш, затоа што тие не сакаат да се соочат со реалноста... без разлика дали таа реалност е во форма на докази од peer reviewed научни студии или во чиста логика на следење на текот на парите.
Но сепак и дискусија со такви „ноеви„ е добра одвреме навреме. Не за нив, туку за сите други што не им се најјасни работите за ГМО индустријата, а некогаш ќе налетаат на дискусиите.


И само да нагласам дека никако не се споредувам себе си со уважениот Докинс, туку само сакам да нагласам дека лично познавам како е да „дискутираш„ со верник кој всушност и не сака дискутира, верник кој не ни слуша што му зборуваш, туку само ја повторува догмата од каноните на неговата вера.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6204 на: 12 Јули 2014, 16:04:15 pm »
Што убаво си почна, дури и ќе се сложев. И испоповрза некои свои сфаќања и заеа работа.

Штета.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6205 на: 12 Јули 2014, 16:46:09 pm »
Need For Speed во ХД на Замунда. Го има и 1080р и 720р.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6206 на: 13 Јули 2014, 11:21:44 am »
Martyrs (2008) е малку постар француски филм кој го некако сум го пропуштил. Не само што не е типичен хорор, не сум ни сигурен дека воопшто е за во хорор жанрот. Она што сум сигурен е дека филмов не е за секого, има тескобна атмосфера која прави да во секое време помислувате да престанете со гледање... но не заради графичките елементи на насилство или нешто слично, туку заради атмосферата на филмот.
Иако е далеку од ремек делата на Вон Трир, атмосферата на филмот (донекаде) можем да ја споредам со неговите Антихрист и Меланхолија... така да моја препорака за (не)гледање.


Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6207 на: 13 Јули 2014, 13:57:51 pm »
Препорачувам

People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6208 на: 13 Јули 2014, 14:56:33 pm »
Изгледани две сезони на Orphan Black http://www.imdb.com/title/tt2234222/ . Одлична серија за занимација.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #6209 на: 13 Јули 2014, 19:57:47 pm »
Need for speed - срање во боја.