После толку фалење на филмов со Том Хенкс, решив да му обрнам внимание (а не планирав).
После еден сат гњаважа ми скурче. Го прекинав.
Тој што не го гледал, а планира, нека не чита понатаму

Значи станува збор за типична америчка дебилност. Бродчиште огромно товарено до заби поминува низ ризични води, полни со исушени, грди, никакви, безвезни пирати.
И нормално, бродот е пуштен без никакво оружје за одбрана, без никаква посада која малку одмалку е обучена да се справи со парталковци од калибарот на пиратите од филмот.
Толкав брод е нападнат и освоен од неколкумина гладни неранимајковци кои не знаат кај тераат.
На мегдан излегуваат типичните јуначки сцени во кои кај овие гладниве пиратишта доаѓа до израз глупавоста. Ем гладни, ем безвезни, ем без душа, ем глупави, ама освоија брод и пол...
Да беше комедија, ќе имаше смисла, ама вака...

П.С. Го догледав за 5 минути, со подтерување...
Ебати вистинската приказна, ама се поклопила со типичните херојски сценарија на американчиштата

Ајмо сега Оскари, три за стотка, шест за две стотки
