Штета, имав високи очекувања за филмот, а престанав да гледам по второто паѓање низ Матка каде сите се живи и здрави.
Секоја чест само за тоа како е доловен звукот од истрелите, пушките звучат моќно.
Од тука надолу е субјективност до коска, кој сака, нека чита...Има и спојлер алертс...
Бев во Авганистан, бев во Баграм каде што е стациониран филмот, и знаејки како изгледа базата, филмот ми е толку погрешен. Верувам дека и Спортекс ке го каже истото.
Али ајде.
Погодени работи во сценографија: константен звук на хеликоптери и борбени авиони во Баграм пошто никогаш, ама никогаш не е тишина, брадите на момците од специјалните единици по кое што се разликуваат од обичните војници, сечењето глави пред цело село на оние кои соработуваат со Американците, звукот на пушките.
Промашени: Баграм е опколен со огромни планини, J-bad или Јаlalabad во целост е опколен со камењасти планини без дрва, а овде фауна и флора колку сакаш во филмот, јас не видов ни еден c-130 gunship каков што им дава поддршка во мисијата, ниту во Баграм ниту Кандахар за скоро 4-те години кои бев таму, во филмот Баграм има 4 писти, real life е само една.
Сите специјални единици во Авганистан не носеа имиња на униформите, овде капетанот толкаво име си закачил.
Секоја таква мисија како во филмот им е надгледувана со дронови. Познато ми е зашто им снабдувавме делови за леталата.
Можеа со една проста, ЛОГИЧНА одлука да се искубат од ситуацијата во која се најдоа, ама не, од еднаш Американците се решаваат да ја почитуваат Женевската конвенција за човекови права.
Се изнервирав, просто филмов не вреди да се губи време и ГИГОВИ на него.
Многу од уткиве во филмот би биле избегнати САМО да прашале било кој Американец кој бил во Авганистан.