Го гледав
Prisoners.
Добро филмче и неизвесно до крај.
Мислам дека можело за нијанса подобра продукција да има и поасален кастинг на негативците.
Јас му давам 7,5.
Ја изгледав
Breaking Bad.
Откако ја изгледав ќе се согласам дека серијата е феноменална.
Во 4-та и 5-та сезона станува јасно зошто толку првите 3 се развлечени и мачни. Се разјаснува зошто една цела епизода е посветена на мува. Едноставно последните 2 сезони ја разбиваат онаа монотонија која сепровлекува низ првите 3, но со право, за да се добие комплетна слика на дејствието. (не сум критичар, пишувам јас како ја доживеав

)
Одлична камера, монтажа, феноменална фотографија, одличен саундтрак.
Волтер Џуниор (RJ Mitte) проверував во други улоги, дали типот глуми или вистински има церебрална парализа.
Јас и давам 9.
Препорака. Издржете ги некако првите 2-3 сезони.
Додека почнат серииве што ги гледам, пошто се на пауза, почнав една друга:
Masters of Sex
Интересна е, но не влече толку серија за серија. Интересно е да се види знаењето, разбирањето на сексот во периодот кога се прават пионерските чекори за изучување на истиот. И како го истражуваат

.
Една сезона е завршена. Ја немам цела сезона изгледано, до сега и давам 7,5.