Јас не гледам се', особено во последниве неколку години. Обично гледам некомерцијални филмови, најчесто од неанглиско говорно подрачје.
Блокбастерите прилично ми здодејаа. Чат-пат гледам по некој, онака, кога ме мрзи да внимавам да не пропуштам нешто битно (нели во овие нема ништо битно за пропуштање).
Америчките романтични комедии, божиќни приказни, издебилизирани пародии на и онака дебилни филмој, тупаџиски хорори, фамилијарни драмичиња, клише акциони блувајнци ич не ми прат ќеф.
Значи се одбира по нешто во годината и од ова поднебје (Холивуд), ама се послабо и послабо.
Али од Европа има што да се одбери, а често и Јужна Америка изненадува со некои тешки драми. Има нешто и од Блискиот Исток и од Австралија.
Во секој случај, Европа е закон за филмови од секој жанр.