Производите на филмската индустрија изминативе 10 години со чест на искључоци, само ги гледам и уопште не ги регистрирам. Премногу доминира компјутерскиот перформанс, актерите немаат никаква улога, сценаристите ( доколку уопште постои таква категорија ) се патетични, неинвентивни, се изгубија легендарните дијалози, уопште не се работи на главните ликови. Порано дури и споредните ликови имаа повеќе тежина, и тоа споредни ликови кој ќе се појават преку сила 2 минути.
Премногу технократска стана филмската индустрија. Уопште не се работи на ликовите, ваљда на продуцентите им е поевтино да инвестираат во компјутерска технологија. Филмовите се снимаат во студиа, ефектите се до тој степен анимирани да уопште не ме фасцинираат. Нема веќе класични дијалози у стилу Мел Гибсон Дени Гловер, Брус Вилис, Дон Корлеоне, Ал Пачино, Дениро, Пешчи и.т.д. Сте приметиле ли дека денешниве филмови може да ги гледате два пати у рок од два месеца и да ви се чини ко прв пат да го гледате. Нормално, нема прича, се е некако на сила.. Глејте само колку продуцентски куќи има, секој што има појака машина ( компјутер ) отвара студио.