Now you see me
веке има еден куп препораки филмов, стварно е добар а веќе го има и во 1080п
фала.
SPOILER: Филмот има премногу плитка приказна се гледа дека го спремале за блокбастер или нешто така. Не е лош, ама има поголем потенцијал од реализација. Малку да се посветело време на длабина на приказната, ќе имало драстично подобар резултат. Ала Престиж.
Каква двојка, бабков бутур!!! Тоа со двојките сега го измислија!
Usual Suspects да не има двојка? Seven да не има двојка? V фор вендета?
СПОИЛЕР:
Не е работата за двојка, туку работата е дека требаше да постигне нешто човекот на таа мака. Ова е патетика Америчка. Бар да ги дигнеше во воздух и нив и себе, или НЕШТО побогу НЕШТО да се десеше. Вака буквално никому ништо е крајот. Сам себе демек се убил, па што е битно тоа? Ни него не го занима неговиот живот, а камо ли нас. Црнчугата чие цело семејство преживеа, и уште демек го надитри најбољиот тактичар (ти се молам) и испадна фраер. Е затоа е патетичен филмот. Патетично патетичен. Нема логика тоа да се деси. Тоа се гледа дека е наштрафено на крај за да тепа „добриот“ односно „системот“. Циркуз. А сега ќе мора да си ги изгледам оние погореспоменати за да си ја освежам меморијата со „асални крајови“ на филмови кои завршиле онака како што треба.
Поради препукувањето тука, вчера седнав и го изгледав. Искрено, мене ми се допадна. Многу. Со мала забелешка за крајот, но не толку драстична како на Дени.
Можеше нешто повеќе, али и вака е добро. 8/10.
Друго - нешто што го гледав пред месец дена.. Perfume - The Story of a Murderer.
[IMдG]http://i.imgur.com/nPcVZ5y.jpg[/img]
Страшен филм. Топло препорачувам, за оние што го немаат гледано. Го одложував многу време, и сега ми е криво што не сум го гледал порано.
Parfem е добар колку што памтам, многу одамна го имам гледано. Можеби треба да го изгледам пак. Ама памтам дека беше одличне.