2001: A Space Odyssey
Некни му дадов шанса, првиот сат го изгледав и го исклучив, исто како со 30км/ч да возиш по автопат.
Ремек дело после мајмуните за тоа време сниманото, ама скоро никаква приказна и прв дијалог на 30мин и после пак ништо, следно на 70години ќе му дадам шанса пак.
Кларк и Кјубрик напрајле СФ филм поинаков од Стар Ворс или Стар Трек, посебно расположение треба за да се изгледа филмов

Шала на страна, подлабока е содржината, има доста алегорија ако се анализира доволно. Три целини се, три епохи, доста умешно склопени.
Пред дваесетина години имав шанса и на кино да го гледам, на Манаки фестивалот имаше бесплатна проекција во малата сала.
Отпрво за загревање го пуштија The Dark Side of The Moon на Pink Floyd, па малку пауза, па филмот.
Тие што беа дојдени да гледаат филм од 2001 година бесплатно, си заминаа после 20-30 минути

На кино, визуелна уживанција, особено на колоритниот крај, некаде после 3 сати

Го има едно од најјаките интроа според мене:
Една генијална сцена: