Автор Тема: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!  (Прочитано 1787594 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13650 на: 25 Декември 2021, 12:53:03 pm »
Стигна нова епизодичка :)


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13651 на: 25 Декември 2021, 14:57:13 pm »
Цитат
Многу, многу добро почна. Одлично дури. Мета-моментот ми беше многу добар. Матриксот постои, и сите знаат, ама игра е. И mindfuck-от што му го прави не само на Томас Андерсон него и на нас како гледачи (дали постои матриксот, дали воопшто постоел, дали првите три филмови се случиле или се дел од игра, дали овој е само луд и сонувал?) е ептен добро склопен. Референците кон првите три филмови се многу, многу добро интегрирани - дали се ова стварно случувања, или нешто Томас Андерсон си замислува? Дали е дежа ву, или стварно нешто врти?

Мене баш почетоков ми беше ужас и глуп и како што гледам по интернет на 99% од луѓето исто така. Зафрканциите беа глупи, референците сите ќе ги сфатевме без да ги едитнат старите сцени заедно со новите, ова се што направи е само што покажа колку е лош овој дел.

Цитат
Одлично е склопена и (директната, до јаја) хиперболизација на Холивуд. „Сакаат нова игра, ако не ја направиме ние, ќе ја напраат они без нас“ па сè до одлично, ама одлично погодената модерна работна околина - „на сите ни е супер на работа, сите сакаме да поминуваме не 8, него 12 саати на ден на работа, сите сме среќни што сме на работа, ич не сакам да си одам дома“ и сличните филмови што се праат, особено по IT компании. Генијално, браво. Ево рука.
Овој дел е затоа што Лана не можела да смисли нов дел па има тантрум/рант преку ликовите во филмот дека не сака да прави нов дел само затоа што имале one hit wonder пред 20 години. Тотално го уништи филмот и само ја зацементрираше како лош режисер и писател.

Цитат
Плус, како The Analyst го изградил новиот Матрикс - чувства наместо факти. Не можеше да направи подобра референца на срањата што се случуваат околу нас. Луѓето полесно се контролираат со чувства отколку со факти. Многу полесно ќе контролираш преку гнев него преку објективна вистина. И тоа е апсолутно така - го гледаме секој ден, глобално. Analyst вика дека не само што луѓето полесно се контролираат, него произведуваат многу повеќе енергија од обично, баш бидејќи се бесни, агресивни. Да ти е мерак да го слушаш.
Не ми е јасно како Аналист изградил Матрикс и не е ни објаснето, кога тоа е работа на архитект. И во ИТ светот и во вистинскиот свет. Тотално немаше смисла овој дел затоа што и претходниот архитект зборуваше за чувства во Матрикс 2. Тоа дека се лути или било што сеедно, не му треба на никој објаснување што се случува во светот. Ни на момент не те тера овој аналист да се замислиш за тоа дали си во симулација или не.

Цитат
Е сега... Каде потфрли? Потфрли во акционите сцени. Премногу shakycam, премногу театралност без да биде интересно. Нема сцена што би ја издвоил како сцена за памтење. Ни од далеку не е на ниво на Burly Brawl или Chateau сцената. Срамота би било да се спореди - а тоа ми е малку жалосно за Матрикс филм. Првиот Матрикс (па и другите два после него) редефинираа што значи fight scene. Сцената во која се појави The Merovingian ми беше дури... Смешна. Као Боливуд сцена кога играат. Тотално непотребна. Па он нешто се дере. Глупости.
Акцијата беше ужас, никој не можеше да погоди ништо, ниеден главен лик не беше ни погоден иако ги пукаа од 5 центиметри оддалеченост, чист ужас. Кунг фу сцените исто беа ужас, Киану имаше еден потег од Star Wars и го спамаше ко нуб, force push беше цел филм.

Тоа со Меровинџијан не ми е јасно зошто така го изругал Лана Вачовски ама се гледа дека е само лут стар човек што не може да живее со себе затоа што не може да смисли добар филм пак.
Плус не ни имаше смисла да постои Меровинџијан и компанијата затоа што беше спомнато дека сите стари програми биле избришани/purge-нати.

Цитат
На крај, последната акциона сцена е хај-тек зомби филм. Страшно. Агентите беа страшни сами по себе пошто беа малку, ама беа многу, многу моќни. Сега заканата е... Зомбија? Пфф.. И на самиот крај, не лета Нео, него лета Тринити? Тринити и во оригиналните филмови ми беше annoying. И сега и она е The One? Уствари и двајцата се The One? Зошто? Затоа што љубов дрн-дрн? Ајде бре... Се разводнува непотребно работата.

Кога стана зомби филм ми дојде да го изгасам. Ова беше ужас. Имаме агенти ама зомбиња ќе те бркаат подобро е.

Не беше објаснето што е толку битна мачката или како работи и зошто воопшто е потребна.
Не беше објаснето како на крај Тринити го контролира матриксот.
Не беше објаснето зошто Смит уште постои, зошто прво го тепаше Нео и после зошто му помогна.
Не беше јасно зошто постои Кунјаку и личи на делфин, птица, манта реј. Hi friend.

Цела приказна немаше поента. Зошто го извадија од Матриксот Нео, затоа што е супер ѕвезда во Зион или сега Ио? Тринити исто? Нема војна веќе меѓу машините и луѓето нема потреба од The One.

Ио градот имаше 5 луѓе што живеат во него.

Единствено нешто добро од филмот беше Bullet Time сцената во работилницата со моторите.

5/10 му давам затоа што ок беше одглумен филмот од Киану ама реално не заслужува ни толку поради тоа колку е лош.

Сите костими на карактерите се ужасни и нема никаков стил филмов.

Сите стари сцени што беа рекреирани беа МНОГУ полоши од оригиналот, пример со Смит кога се тепаат и му мава боксови во тело, прелош беше ефектот во споредба со првиот дел.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13652 на: 25 Декември 2021, 15:03:28 pm »
Стари, се, бре!
Нема потреба од толку анализи. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13653 на: 25 Декември 2021, 15:06:04 pm »
На кој мислиш?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13654 на: 25 Декември 2021, 15:07:33 pm »
Ај што сте се заебале да го гледате, ама како ви се троши време да пишувате.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13655 на: 25 Декември 2021, 15:09:36 pm »
Ај што сте се заебале да го гледате, ама како ви се троши време да пишувате.

Форум е за дискусија.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13656 на: 25 Декември 2021, 15:33:51 pm »
На кој мислиш?

Сите. А особено Нео и Тринити.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13657 на: 25 Декември 2021, 19:23:14 pm »
На кој мислиш?

Сите. А особено Нео и Тринити.

Се гледа дека не е стар од Џон Вик. Ова е само лош филм.

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13658 на: 26 Декември 2021, 16:14:04 pm »
Ова делува дека ќе биде многу добро:


Гледано - еден од најдобрите филмови за социјална критика во последниве 15 години. Ако сакате да се насмеете и растажите кај отишло/оди општествово, гледајте обавезно! Актерите се брилијантни, генералната идеја е налик Idiocracy, и двапати подобро реализирана.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13659 на: 26 Декември 2021, 16:24:17 pm »
Ова делува дека ќе биде многу добро:


Гледано - еден од најдобрите филмови за социјална критика во последниве 15 години. Ако сакате да се насмеете и растажите кај отишло/оди општествово, гледајте обавезно! Актерите се брилијантни, генералната идеја е налик Idiocracy, и двапати подобро реализирана.

Скроз. Синоќа го гледав. Екстра стопетнаес поени за мојата омилена Кејт. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13660 на: 26 Декември 2021, 17:17:35 pm »
Го делам мислењето на клаберите Дарт и Зеро.
Едноставно, или имај Вау продолжение или нека остане во добро сеќавање. Вака, детски филмови. Крајот блуење.

Подобро ќе беше, нова екипа и сл, да се вратат во минатото, во делот пред да настане Матриксот. Или најдобро, воопшто да нема продолженија.

Вака, како некој на некој да му стаил пиштол на глава, демек морало да има продолжение. Или потреба од внимание. Како на Киано само не му дошло да рече "Ма да не мејеби бре со вакво сценарио".

Штета.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13661 на: 26 Декември 2021, 17:21:47 pm »
Напротив. Се курчат по интервјуа со Мос.
Што е уште потрагично. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13662 на: 28 Декември 2021, 20:58:45 pm »
Ова делува дека ќе биде многу добро:


Каква пародија на моменталната цивилизација, за сѐ она што сме свесни или не сакаме да бидеме.
Дури ме чуди како нашле финансии за вакво нешто.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13663 на: 28 Декември 2021, 21:00:15 pm »
Лео наш
Богаташ :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што спуштате, гледате или сте гледале(ФИЛМ)!!!
« Одговори #13664 на: 30 Декември 2021, 04:54:25 am »
Е, јебига...

Добра плата.
Прав скопјАнец.