ТИЕ ШТО НЕ ГО ГЛЕДАЛЕ - НЕ ЧИТАЈТЕ, СПОЈЛЕРИ!
Многу, многу добро почна. Одлично дури. Мета-моментот ми беше многу добар. Матриксот постои, и сите знаат, ама игра е. И mindfuck-от што му го прави не само на Томас Андерсон него и на нас како гледачи (дали постои матриксот, дали воопшто постоел, дали првите три филмови се случиле или се дел од игра, дали овој е само луд и сонувал?) е ептен добро склопен. Референците кон првите три филмови се многу, многу добро интегрирани - дали се ова стварно случувања, или нешто Томас Андерсон си замислува? Дали е дежа ву, или стварно нешто врти?
Одлично е склопена и (директната, до јаја) хиперболизација на Холивуд. „Сакаат нова игра, ако не ја направиме ние, ќе ја напраат они без нас“ па сè до одлично, ама одлично погодената модерна работна околина - „на сите ни е супер на работа, сите сакаме да поминуваме не 8, него 12 саати на ден на работа, сите сме среќни што сме на работа, ич не сакам да си одам дома“ и сличните филмови што се праат, особено по IT компании. Генијално, браво. Ево рука.
Плус, како The Analyst го изградил новиот Матрикс - чувства наместо факти. Не можеше да направи подобра референца на срањата што се случуваат околу нас. Луѓето полесно се контролираат со чувства отколку со факти. Многу полесно ќе контролираш преку гнев него преку објективна вистина. И тоа е апсолутно така - го гледаме секој ден, глобално. Analyst вика дека не само што луѓето полесно се контролираат, него произведуваат многу повеќе енергија од обично, баш бидејќи се бесни, агресивни. Да ти е мерак да го слушаш.
Е сега... Каде потфрли? Потфрли во акционите сцени. Премногу shakycam, премногу театралност без да биде интересно. Нема сцена што би ја издвоил како сцена за памтење. Ни од далеку не е на ниво на Burly Brawl или Chateau сцената. Срамота би било да се спореди - а тоа ми е малку жалосно за Матрикс филм. Првиот Матрикс (па и другите два после него) редефинираа што значи fight scene. Сцената во која се појави The Merovingian ми беше дури... Смешна. Као Боливуд сцена кога играат. Тотално непотребна. Па он нешто се дере. Глупости.
На крај, последната акциона сцена е хај-тек зомби филм. Страшно. Агентите беа страшни сами по себе пошто беа малку, ама беа многу, многу моќни. Сега заканата е... Зомбија? Пфф.. И на самиот крај, не лета Нео, него лета Тринити? Тринити и во оригиналните филмови ми беше annoying. И сега и она е The One? Уствари и двајцата се The One? Зошто? Затоа што љубов дрн-дрн? Ајде бре... Се разводнува непотребно работата.
И така...