@brm brm Ај со ред...
Чуварите ми се убер забавни. За Ant-man, се согласувам.
Ама, не би скокнал филм. Каде 22, таму и 23.
Endgame е тоа што требаше да биде - едно од причина што тоа "се крчкаше" повеќе од една деценија, и друго од што Кевин Фајџи и Русовците немаа друг избор, а мораа сите "дупки" да ги затворат.
Зошто зборот "митологија" го врзуваш за историја и историски настани? Самиот збор митологија значи прераскажување или интерпретација на приказна или приказни поврзани со одредени луѓе и настани, не со временски период. Да, случајно се погоди да има Norse mythology во MCU, ама не ми беше тоа целта. Тоа што е за деца, што не, е субјективна работа. Поентата ми е дека самите ликови имаат приказни (митологија) зад себе од стриповите, ама Марвел тоа толку добро го обработи во 23 филма, што успеа да ги покрие origin приказните, да ги испреплете патиштата на толку многу main event ликови, што буквално сите беа на свој начин важни за целокупната приказна, за на крај да кулминира се со Endgame (читај: Avengers... Assemble.).
За кастингот да не правам муабет. Близу перфектен е.
Да навлезеш во митологијата, не мислев да седнеш сега сите стрипови за сите ликови да ги исчиташ, туку полека-полека, и од други извори, не само од филмовите, да ги запознаеш ликовите.
За трилогијата на Нолан што и да се каже е вишок. Совршена е. Баш и затоа не може да се споредува со MCU, обработува целосно друг концепт.
DCEU тргнаа по на MCU концептот. Ама, морам да кажам дека не им оди воопшто добро. Две работи ми се допаднаа до сега во филмовите на DCEU - користењето на аглите на снимање, ефектите при сцените со борби во Aquaman и направата за алтерација на гласот на Batman со Афлек. Посакувам наместо Бејл да "грчеше" кога зборува во трилогијата, овој начин да беше имплементиран. Толку ми е кул.
@zeroSignal Ах, камо сега да не ми беше гледан ни еден од 23-те, да седнам со хронолошки редослед на настани да ги изгледам...