
Го чекав филмот да излезе, веројатно со преголеми очекувања. Кога конечно седнав да го гледам добив чувство дека нешто не е како што треба од самиот старт. Му дадов шанса, се потрудив да се внесам во филмот ама многу лесно го губев вниманието на моменти, дури и на цело се исклучував гледајки во телефон. На моменти имаше интересни сцени со акција, ама и тие не ми беа баш пријатни поради оној интензивен страшен звук како да гледаш хорор филм, тотално непотребно и лошо за слушање, како да сакаат да го нагласат моментот а уствари го уништуват со звук од класичен хорор што нема врска со филмот кој пробува да биде "паметен" акционен трилер.
Конечно, после саат и 20 тина минути мачење, го изгасив.
Како што пише на едно ревју за филмот, те остава да се надеваш дека нешто добро ќе излезе во 2 ипол саати долг филм што бар малку ќе ти го задржи вниманието, ама и тие моменти ми беа премногу ретки.
Неоправдано висока оцена има на имдб. Јас му давам најмногу 5 од 10.