Можеби е финансиран од религиозни фанатаци кои сакаат да шират Будизам?

Што знам, и мене ми смета пропаганда скриена во филмови и такви работи. Но филмов го доживеав како многу лесен за гледање, лабав а задржува внимание... А моментот со реинкарнација одамна е дел од популарната култура, и експолатиран е во многу филмови и книги.
Нема директна поврзаност со Будизам, освен ако не мислиш на тоа дека не се поклопува со твоите (нашите) религиозни гледишта. Тогаш не знам што да кажам, а посебно немам право да коментирам пошто сум некој кој религија практикува повеќе од социолошки причини (отколку од религиозни). Од аспект на зачувување на автохтоната култура секако си во право, пошто на времето им се смеевма на Хрватите за „тврди дискови и вјеликопамтила“ ама сега ние сме тие кои имаме младина што зборува некој полумакедонски/полуанглиски... „Еј брад, адни ме на фејс да ти го лајкнам постот - многу беше фенси“. Итн.