За празнициве изгледани неколку:
1. Once Upon a Time in Hollywood - фали поента у причата, пробал Тарантино да се прераскаже (извртено) некој историски настан преку споредна прича, али некако без поента, све друго одлично у филмот. Кастинг, главна улога, посебно споредна улога, режија, „тарантино“ моменти итн... 8/10 од мене.
2. Blow - интересно филмче, по вистински лик и настани, се раскажува за шверц на дрога во америка постаро е малку, ама ми прошло под радар до сега. Од мене има 9/10.
3. Wonder woman - интересно, забавно филмче од DC, така, за тепање време ОК. Мислев дека ќе биде потапа, ама би го оценил 6/10.
4. Star Wars: The Rise of Skywalker - ако рачунаме дека филмов е финале, тогаш полесно ќе ја соџвакаме причата. Како фан на Star Wars, почнувајќи од првите проекции во кино (кога сум имал едноцифрен број на години), па до денес, можам да кажам дека филмот е крај онаков каков што доликува. Криво ми е за Бен Соло, но ако не завршеше како што заврши, ќе требаше свадба да има на крај

Од мене, чисти 10/10 (пристрасни)
5. Jocker - неочекувано тежок, одличен, 10/10 секако, без размишљање.