Aко си барем малку по читањето, обавезно земи прочитај ги книгите пред да ја гледаш серијата (или уште подобро, ич не ја гледај). Ако немаш намера да ги читаш книгите, тогаш има и полош начин да го потрошиш времето одошто да ја гледаш таа серија. Јас лично само првата сезона ја гледав. Прекинав пошто бев многу разочаран од кастингот (минус изборот за Нед Старк), но реално се работи за квалитетна продукција со одлично сценарио (иако осакатено па и изменето, во однос на книгите). Да не го чекам Мартин да ја заврши следната книга во серијалот, би ја гледал серијата.
едит: И да, тематиката не е за сечиј вкус. Се работи за епска фантастика, иако не толку бајковита како креациите на Толкин (Хобитот, Господарот на прстените, итн)... Тие што не се во тој филм го наоѓаат жанров за „тупаџиски“.

Инаку „Песна за мразот и оганот“ (Играта на престолите е само насловот на првата книга) е литературно ремек дело не само во жанрот, туку и општо.