Јас па ретко одам во кино, али кога одам вторникот го избегавам.
Плус, многу моронски е да имам опција онлајн однапред да резервирам карти за кои пак треба да чекам редица за да ги подигнам исто како да не сум резервирал.
Или, картите сум ги подигнал ден претходно, но сакам да си земеам сок/пиво и пуканки.
Џабе сум резервирал пред време, џабе сум ги подигнал картите пред време, пак ја чекам истата редица со сите.
Неопростиво.
Pro tips:
- На премиери е гужва и калакурница. Во Синеплекс се оди во Вторник, ама вториот Вторник после премиерата и исклучиво на последната проекција и исклучиво во голема сала, пошто во помалите сали звукот е неспоредливо полош. Тогаш најчесто нема повеќе од 20-тина луѓе во салата, слично е и во другите работни денови па нема причина да фрлаш повеќе паро, важно е само да биде последната проекција.
- Си вадиш припејд картица од Синеплекс, со тие картици можеш да купуваш влезници онлајн и за во Вторник. Бонус (ако ставиш доволно пари): веднаш можеш да ги искористиш собраните поени за да гледаш еден филм гага. Како и да е - купуваш карти недела дена порано, и си бираш места во центар на салата. Потоа некој од следните денови кога ќе поминуваш накај Шити Мол, си ги подигнуваш влезниците. Во Вторник само идеш во кино и не се замараш.
- Женските чанти се без дно, таму без проблем собира пар лименки Гинис и пар пакетчиња со печени лешници и бадеми. Ова патем е добра причина да ја земеш во кино жената/девојката. Во недостиг од Гинис (моментална снабденост дома, или други причини) долу во Рамстор имаат чешки Бадвајзер кој е сеуште измислено пиво за изладената урина која во Синеплекс ти ја продаваат за дупло повеќе пари... Единствен проблем е ако инсистираш на пуканки (и не ти сметаат хидрогенизирани масти, читај: маргарин), тогаш ќе си дојдеш 15 минути порано за да си ги купиш од киното.