Сакав да реплицирам во друга тема, ама пошто коментираме видео
што сме го гледале - не сме офтопик.

Во врска со видеово, разбирам што сакаш да покажеш ама лош пример си употребил. Поточно, да вистина е дека без намалување на побарувачката на дрога, тешко дека проблемот ќе се реши со намалување на производството (supply/demand). Но од друга страна решението секако не е ни да се обезбедува бесплатна дрога на наркоманите и да се финансираат и негуваат како уникатни снегулки (освен евентуално ако не си богат како Швајцарија, а кај и да е некогаш и на нив ќе им снема туѓи пари).
Но содржината на видеото нема да зачудува многу, ако повнимателно ги слушнеш
благодарниците на крајот на видеото.
(фондација за отворено општество)Ако сеуште не е јасно зашто го критикувам овој јутјуб канал, и кој му е еден од главните спонзори (читај нарачатели), еве за пример подолу уште едно видео од истиот
пропаганда-за-наем автор. Патем истиов е и автор на разни пропагандни и апологистички видеа за индустриите за храна (да, генетски модифицирана), за фармација, итн.