Џејмс Бонд (во филмовите) е лик замислен да биде интересен, шармантен, на моменти брутален али секогаш со стил.
Во книгите на Иан Флеминг, Бонд е малку различен од филмовите. Во книгите е borderline-алкохоличар што пуши ко турчин што е камионџија, од време на време се дрогира и има прилично опуштен став кон силување.
Можеби новите филмови се поинтересни (за нас, генерациски) пошто го прикажуваат Бонд во „денешно“ време. Можеби. Ама конкретно Крег е тапа Бонд. Конери, Мур и Броснан имаат Бонд фаци и Бонд став. Овој сакале да го напраат пре-брутален па има изгубен многу од оној Британскиот шарм што Бонд би требало да го има.
Филмовите се интересни, не викам не. Али комотно можеа да бидат со некој друг лик наместо со Бонд. Едно време кога се спремаа новите Бонд филмови се појави гласина дека Clive Owen ќе биде новиот Бонд и дека ќе одат во насока на малку постар лик.