Муабетот е за пред 7 години, друже, не за вчера.
Цените тогаш на 4К телевизори не беа како денес, така да 600 евра не кошташе телевизорот, туку речиси дупло.
Не сум аудиофил, пак ќе ти кажам. Се задоволувам со малку, а и не сум стручен да "склопувам" конфигурација сам.
Системот се состои од Блу Реј плеер, засилувач, 5 звучници и вуфер. Одеше комплет. Спецификации не знам, треба да чачкам низ документи. Тогаш, за парите ова беше најдобар избор, имајќи во предвид дека еден обичен пишлив саундбар тогаш кошташе 200-250 евра.
Еден саундбар вс 5 звучници и вуфер? Е па, do the math.
Секако дека сум можел подобро да изберам, како и сите ние... А можда и не, а? Лесно е после 7 години да коментираме.
Што ти беше поентата со коментирање на нешто невидено, односно нечуено, тоа мене ме копка...?