Фило, не е ова документарец па се да ти објаснуваат. Филм е, само што не е типичен холвудски шаблон на филм набиен со непотребни ефекти, експлозии, пукања, и пази-мирко избегнување на куршуми.
Ќе ти направеше разлика ако имаше 1минута сцена со објаснување како непознат вирус го десеткува човештвото и цивилизацијата пропаѓа? Едноставно се десило што се десило, и идемо даље.
Се кладам дека тебе не ти се допаѓаат филмови како овој и како The Road (2009). Епа тенка работа, пушти си некој од fast and furious франшизата и уживај. 
Не сум го гледал овој филм што го предложуваш со овој пост, ама конкретно во It comes at night ништо не се случува. Што е тоа што предизвикува да се разболуваат, зошто само ноќе се разболуваат. Примаат семејство во своја куќа, се разболува и прават непотребна драма и си заминуваат.
И што е поентата во филмот ? Што е тоа што ''доаѓа во ноќта'' ?
Иначе последно што уживав во франшиза е Star Wars.
А во нешто што посебно сум уживал е Game of Thrones, ако имаш нешто во овој стил да препорачаш да гледам, пукај со совети.