Иначе последно што уживав во франшиза е Star Wars.
Ok, до сега сигурно милион пати ти препорачале Star Trek. Нешто што веројатно не си гледал, а како предлог за гледање:
Farscapehttp://www.imdb.com/title/tt0387736/Има неколку куклени ликови во серијава, и правени се од луѓе што работеле и во Мапет Шоу.

А во нешто што посебно сум уживал е Game of Thrones, ако имаш нешто во овој стил да препорачаш да гледам, пукај со совети.
Има многу што за гледање во истиот стил, на жалост со сценарија кои по квалитет не се ни блиску до книгите на Мартин (според кои е снимана Game of Thrones).
Како и да е, еве неколку опции:
Vikings
The Tudors
The Last Kingdom
Reign
Rome
SpartacusЈас само првата ја гледам, овие другите ми се во список за ако умирам од досада а нема веќе што да се гледа/чита (за среќа не ми затребале).
...конкретно во It comes at night ништо не се случува. Што е тоа што предизвикува да се разболуваат, зошто само ноќе се разболуваат. Примаат семејство во своја куќа, се разболува и прават непотребна драма и си заминуваат.
И што е поентата во филмот ? Што е тоа што ''доаѓа во ноќта'' ?
Се разболуваат од некоја непозната болест, која не се објаснува во филмот. Има период од инкубација од еден ден, и затоа оставаат за следниот ден да видат дали некој се разболел. Во врска со тоа „што доаѓа во ноќта“ - ништо натприродно (или вонземско) не доаѓа, луѓето се опасноста за луѓето.
Поентата е да се покаже како сите сме спремни за монструозни злосторства, кога се работи за сопствените деца и сопствената безбедност. Се што не прави цивилизирани е цивилизацијата, кога паѓа цивилизацијата паѓа и цивилизираното однесување. Секој за себе, максимално себично. И максимално монструозно... Тоа е поентата, човечката природа е тоа „што доаѓа во ноќта“ (метафора).