Колку членови од семејството и блиски другари треба да изгубиш за да ги правиш тие 5000еур месечно пресметала? Тешко дека има толку баби и тетки кои ќе ги замаја.
Мајка на работа кажуваше сега брзо за колега, детиште, купил 100-200? картички за 2000€, дистрибутер ќе бил, па сега глата си ја чешал. Или како беше бе 100 картички за 100€?, брачед ми нешто ми баеше, ми се измешаа бројките, ама како и да е, одма се гледа каде си заебан.
И ај што се забегани луѓето, сериозни отоци се.. Мене со сила ми тртна картичка другаркава, и пред некој ден ме прашува - „ја користиш картичката?“ - Не, и викам јас. „Па зашто ја зема?“ - Па ако не ја земев, немаше да престанеш да збориш.
Абе они се сериозно, сериозно уверени дека ќе напраат брдо пари. Дека тоа ќе биле пари што ќе се правеле сами од себе, ќе работеле не-знам-колку-време, ама после ќе престанеле да работат на тоа и само ќе си доаѓале парички. Дури одат по „конгреси“, фрлаат пари за тоа.. Инспиративни биле луѓето, а-у. Да не ти се верува.