Проблемите треба да ги гледаме во корен.
Значи оние кои фрлиле копач и дошле во Скопје да бараат леб не го направиле тоа затоа што сакале туку во најголем случај затоа што морале.
Трбухом за крухом што викаат србите и сосема нормално да се случува оваков вид на миграција на населението од периферија (провинција) кон големите градови, поготово во ова модерно време со извитопререни сваќања за животот и во држави како нашава каде дваесет години наназад не ебат како што сакаат сите што биле, се и ќе бидат на власт.
Избеаа мало стопанство, изебаа цела индустрија, изебаа и искрадоа се што можеше да се изебе и искраде.
И тоа малку што остана се додотлче последниве години.
И што треба да прават тие луѓе. Кај пустите да одат?
Сезнае кајде има најмногу шанси за вработување...Скопје, тоа е тоа.
А да не почнуваме сега дискусија што место катни гаражи и паркинзи се градат споменици во Скопје.
Место да има катни гаражи луѓето да си ги оставаат колите таму а не на сред пат и да може да се дише по скопскиве улици ние ќе ги гледаме на Букефал мадинјата како зеленеат со тек на времето и ќе се тешиме дека селаните се криви за сите проблеми во главниот ни град.
Луѓето не се криви...државата е КРИВА!