сепак ова е форум а не судница па да се докажуваме со аргументи, докази, линкови итн итн...
Ако на некоја тема двајца зборуваат спротивни нешта, а трет чита, го интересира и сака да дознае како е навистина - како ќе знае доколку не се служиме со аргументи?
Ако не со аргументи и докази, тогаш кој метод на доаѓање до вистината го предлагаш?
јас со него се натегам секогаш кога ке почне да наметнува свое мислење..
Moжеби ќе ти звучи чудно, но ако внимателно читаш што пишувам ќе приметиш дека (речиси) никогаш не наметнувам свое мислење. Пред да почнеш да се смееш, прочитај до крај. Она што го правам е реагирам кога некој ќе изнесе нешто фактографски погрешно, а не кога ќе изнесе мислење кое се разликува од моето.
На пример, ако некој каже „металика е најбољи бенд у свет“ или „бензинец е по пријатен за возење од дизелаш“ тоа е негово мислење. Не се согласувам ниту со едното ниту со другото, но нема да го убедувам дека не е така и дека треба да го напушти тоа мислење и да го прифати моето.
Но, ако некој каже „постојат чадови кои не се канцерогени“ или „бензинецот е појак од дизелот во сите режими на работа“ тоа веќе не се мислења, туку нешто што треба да претставува факт. А погрешно. Тогаш реагирам.
Со други зборови, разликувај „факт“ од „мислење“. Моето мислење си е само мое и нема што да го наметнувам. Колку луѓе толку мислења, секој со своето. Но, од друга страна, фактите се исти и за мене и за тебе и за петко и за станко.
Ако некој пише „y=2+x е најбоља равенка у свет“ тоа си е негово мислење. Ама ако некој пише „17=2+2“ тоа е просто погрешно и реакција ќе има. Реакција која зрел и одмерен човек нема да ја сфати како лична навреда, туку (откако ќе размениме валидни аргументи) ќе каже „фала што ме поправи, јас мислев дека е 17 ама еве од денес знам дека е 4“ и наместо навреден, ќе излезе среќен од дискусијата - денес знае повеќе од вчера.