И јас се сложувам. Какви 30 дена какви бакрачи. 12 саати максимум време за менување на пост.
30 дена е непотребно многу. Зошто некој би менувал пост после 30 дена? Кое е хипотетичкото сценарио? Доволно се 5-10-15 минути за да се поправат јазични грешки и да се избегне даблпостирање. И некако ако може системот автоматски да означува дека пораката е едитирана, ама не после првите 5 минути, туку веднаш по едитирањето.
Или ова: ако некој сака да смени пост, му пишува на модераторот/администраторот „здраво, сакам да го сменам овој пост, наместо ова треба она“. Само „управата“ да може да смени пост, ако одлучи дека барањето е оправдано? Да, генерира workload, ама ќе се заобиколи проблемот.
кој си има мувата на капата....
Онак, шкк? Мерак ти е да инсинуираш, шо ли е? Нели може мирољубиво да си дискутираме на форумов, да си разменуваме аргументи, а не лични закачки? Се закачаш без провокација, а кога тебе ќе те чепне човек - и тоа, пази, не со лични навреди туку со аргументи - пискотници се слушаат од галичник до река. Циу циу. Па немој бе мајку му.
Разликуваш ли воопшто конфликт меѓу ставови од конфликт меѓу личности? Разликуваш ли размена на аргументи од размена на навреди?
А ако не разликуваш, има и за тоа чаре: не ме читај, не ми одговарај. Угледај се на Игор. Секоја чест и респект за него: еднаш рече „не те читам више“ и стварно. Мирна бачка. А ти? Ти ем се буцкаш, ем цвичиш кога ќе те буцнат. Нит се водиш нит се тераш.