...
Гледам си се оправил со положбата на цитатите. Добро е има напредок.
ова со цитатите не ми лежи многу... не можам да се навраќам назад и да гледам кој што едитирал... нека пише нов пост, тој не зафаќа толку простор кај хостингот, а се добива во поголем квалитет за текот на муабетот. враќањето назад и гледањето по постовите кој кога и што едитирал е заморно за мене... и никаде го немам сретнато до сега.
времето на едитирање би можело да се ограничи на 15 мин... што е сосема доволно, а за секоја обнова на мислење нека се пише нов пост. форумов како што приметувам нема ниту галерија така да просторот на хостингот е завземен од веб страната. сепак и форумот заслужува малку повеќе простор.
што се однесува до фејсбук лајк копчето, точно е дека тоа е применето во различни форми, но последната верзија (онаа на фејсбук) е најпопуларно и најлесно за примена и употреба на членовите. како што реков, некои модификации не дозволуваат да се наградуваат повеќе постови во една тема... потребно е тие да се изменат и да се овозможи таа опција кај нив, а за да се направи тоа, некој треба да седне и да го менува модот. зошто некој да менува некаков мод кога постои веќе готов!?
едит: зошто не се изработат последни теми/постови од лева или десна страна позиционирано?
едит 2: можам да го избришам целото мислење и да напишам нешто друго... на крајот „пу-пу неважи“ ако правиме ко деца ќе испаднеме и воопшто е незрело да губиме време за такво однесување на форум.