Би требало да праќа нотификација на мејл за приватни пораки. Од време на време знае да не прати. Пробував да сконтам што е, не успеав.
Кога прв пат го инсталиравме форумот, не постоеше SMF 2.x. Девелопментот беше форк-нат и се продолжи да се развива 1.1.х и 2.х независно. Апгрејдање на 2.х е можно, ама не ми се ризикува. Еден ден ќе седнам, ќе направам бекапи, ќе го исклучам форумот и ќе пробам. 
мислам дека повеќе ризикувате со оваја верзија 1.х.х отколку со 2.х.х бидејќи сега 2.х.х е повеќе безбеден... проблемот е што во последно време не се прима нотификација на мејл на 2.х.х за примена приватна порака. еве кажувате дека и на оваа верзија тоа е проблем што и не е мала работа... иако потрошив некое време да го најдам проблемот, сепак не успеав. најверојатно ќе треба ги контактирам SMF и таму да им го кажам проблемот за и јас да добијам решение.
префрлањето од една верзија на друга верзија нема да биде воопшто проблем... то е едноставно. потребно е да се направи целосен бекап.
второ, не приметувам некакви модови кај вашиот форум така да и тука ќе ви биде скратено времето... иако за 2.х.х има повеќе избор на модови и многу лесно се инсталираат... потребно е да се внимава дали се компатибилни со верзијата на форумот за да не прават проблем со темата што ја користите.
при промена на верзијата на форумот, никој нема да примети разлика бидејќи станува збор за еден ист форум-софтвер... особено ако постои можност да ја задржите истата тема (изглед). затоа подобро е локално да инсталирате SMF 2.x.x (користејќи XAMPP/WAMP) и да ја тестирате/проверите вашата тема дали ќе функционира на новата верзија.
значи проблем може да се јави само кај темата што ја користите!
за крај, мој совет е пред да се нафатите на промени, да ги проверите локално... тоа доста помага бидејќи решавањето на проблемите бидејќи онлајн да го правите тоа е многу непријатно и за членовите.