Автор Тема: Ваши забелешки, проблеми, предлози  (Прочитано 895352 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3690 на: 01 Септември 2014, 22:17:27 pm »
Не гледам пост од тебе меѓу избришаните. Последниот од тебе во таа тема е овој.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1277
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3691 на: 01 Септември 2014, 22:32:40 pm »
Ок најверојатно не се испратил, се извинувам :)

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3692 на: 04 Септември 2014, 20:55:40 pm »
немам забелешки, имам само неколку прашања:

ме интересират дали имате проблеми со праќање на приватни пораки, односно дали за примена приватна порака ви пристигнува и нотификација на маил?

зошто не се користи 2.0.8 верзија? дали темата ограничува да биде користена 1.1.19?
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3693 на: 04 Септември 2014, 21:45:21 pm »
Би требало да праќа нотификација на мејл за приватни пораки. Од време на време знае да не прати. Пробував да сконтам што е, не успеав.

Кога прв пат го инсталиравме форумот, не постоеше SMF 2.x. Девелопментот беше форк-нат и се продолжи да се развива 1.1.х и 2.х независно. Апгрејдање на 2.х е можно, ама не ми се ризикува. Еден ден ќе седнам, ќе направам бекапи, ќе го исклучам форумот и ќе пробам. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3694 на: 04 Септември 2014, 23:01:44 pm »
однапред да најавиш кој ден ке биде тоа.... да не кубеме коси тука од нервози...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3695 на: 05 Септември 2014, 08:40:12 am »
Би требало да праќа нотификација на мејл за приватни пораки. Од време на време знае да не прати. Пробував да сконтам што е, не успеав.

Кога прв пат го инсталиравме форумот, не постоеше SMF 2.x. Девелопментот беше форк-нат и се продолжи да се развива 1.1.х и 2.х независно. Апгрејдање на 2.х е можно, ама не ми се ризикува. Еден ден ќе седнам, ќе направам бекапи, ќе го исклучам форумот и ќе пробам. :)

мислам дека повеќе ризикувате со оваја верзија 1.х.х отколку со 2.х.х бидејќи сега 2.х.х е повеќе безбеден... проблемот е што во последно време не се прима нотификација на мејл на 2.х.х за примена приватна порака. еве кажувате дека и на оваа верзија тоа е проблем што и не е мала работа... иако потрошив некое време да го најдам проблемот, сепак не успеав. најверојатно ќе треба ги контактирам SMF и таму да им го кажам проблемот за и јас да добијам решение.

префрлањето од една верзија на друга верзија нема да биде воопшто проблем... то е едноставно. потребно е да се направи целосен бекап.
второ, не приметувам некакви модови кај вашиот форум така да и тука ќе ви биде скратено времето... иако за 2.х.х има повеќе избор на модови и многу лесно се инсталираат... потребно е да се внимава дали се компатибилни со верзијата на форумот за да не прават проблем со темата што ја користите.

при промена на верзијата на форумот, никој нема да примети разлика бидејќи станува збор за еден ист форум-софтвер... особено ако постои можност да ја задржите истата тема (изглед). затоа подобро е локално да инсталирате SMF 2.x.x (користејќи XAMPP/WAMP) и да ја тестирате/проверите вашата тема дали ќе функционира на новата верзија.

значи проблем може да се јави само кај темата што ја користите!

за крај, мој совет е пред да се нафатите на промени, да ги проверите локално... тоа доста помага бидејќи решавањето на проблемите бидејќи онлајн да го правите тоа е многу непријатно и за членовите.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3696 на: 05 Септември 2014, 09:09:48 am »
Па не е баш толку едноставно. :)

SMF 1.x и 2.х имаат малку различна структура на базата  на податоци. Плус, нашиот форум има доста рачно направени модификации и базата е прилично голема (околу 730 MB, последниот пат кога проверив), па експортирањето и импортирањето на податоци може да биде малку проблематично. Модови има. Тоа што не ги приметуваш значи дека се добро направени. :)

Во секој случај, апгрејдот на 2.х ќе се случи. Кога точно, не би сакал да најавувам пред да бидам 100% сигурен во миграцијата. Треба да најдам и соодветен темплејт, да го едитирам за да изгледа како што сакам, итн.

Мене нотификациите на мејл ич не ми се важни, ама гледам дека според испратените и вратените мејлови околу 95% од нотификациите стигаат. Не вреди да се замарам до толку.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3697 на: 05 Септември 2014, 09:21:17 am »
епа ок е кај вас... јас ве разбрав дека не стигнуваат пораките.

тогаш со господ напред ко ќе префрлаш од една на друга верзија.

инаку модовите се наменети и за членовите, не само за администрацијата... на пример постои Like копче... што мислам дека сите ќе го сакаат... и користат  :)
http://custom.simplemachines.org/mods/index.php?mod=3708
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3698 на: 05 Септември 2014, 09:28:03 am »
Никако. Не е ова Фејсбук. Затоа и „+1“ постови бришеме.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3699 на: 05 Септември 2014, 09:34:47 am »
многу погрешно размислување!

Like копче е функционалност која произлезе од фејсбук, тоа не значи дека ако ја примените таа функционалност дека ова е ќе стане „фејсбук“!

поправо фејсбук ќе пропадне отколку оваа функционалност... Like копчето ќе остане да се применува во различни форми... нема потреба да бидете уклучени на фејсбук за да го користите ова копче. ова копче што ви го пратив не се поврзува со фејсбук. ова е слично како ThankYou модот со тоа што дозволува повеќе постови да лајкувате во една тема.

значи нема никаква конекција ниту црпи некакви информации што се проследуваат на фејсбук.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3700 на: 05 Септември 2014, 09:39:00 am »
Мене ми е совршено јасно што е Лајк копчето и дека не е директно поврзано со фејсбук. Меѓутоа со користење на Лајк копче ќе се намалат конструктивните дискусии. Член сум на многу (и многу поголеми) форуми и токму ова се случува.

Можеби ќе се имплементира некаков карма систем, ама за тоа понатаму.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3701 на: 05 Септември 2014, 09:53:16 am »
Like копче е функционалност која произлезе од фејсбук, тоа не значи дека ако ја примените таа функционалност дека ова е ќе стане „фејсбук“!

Лајк копче се користи на форуми дооолго време пред да се појави Фејсбук. По технички форуми обично има и некои варијации како „заблагодари му се на членот за овој пост“ копче или нешто слично.


Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3702 на: 05 Септември 2014, 09:54:55 am »
ок... моите предлози беа да се даде поголема анимација на членовите, да имаат можност да ги користат симболите... а не форумот да оди надолу.

така да нема потреба во иднина да делам мислења во оваа тема кога точно знаете по кој пат се движите... нема поента некој да ви застанува на патот, нели...    

Like копче е функционалност која произлезе од фејсбук, тоа не значи дека ако ја примените таа функционалност дека ова е ќе стане „фејсбук“!

Лајк копче се користи на форуми дооолго време пред да се појави Фејсбук. По технички форуми обично има и некои варијации како „заблагодари му се на членот за овој пост“ копче или нешто слично.


така е ама и не е така... Karma, ThankYou, Like и ред други постојат, но само Like копчето од кое оставив линк асоцира на она на фејсбук. другите модови не можете ги користите повеќе од еднаш во темата. а кармата кога ја давате не знаете точно за кој пост станува збор така да и не е баш целосно точно твоето мислење дека Лајк копчето постоело и претходно... постоеле слично модови на него, но тие биле ограничени за користење.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3703 на: 05 Септември 2014, 10:00:30 am »
карма ис најс !!!

Ма да ние имаме посебна тема „Заблагодарете му се на членот за .....“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #3704 на: 05 Септември 2014, 10:01:33 am »
Систем што мене ми се допаѓа дозволува анонимно коментирање и давање на позитивни или негативни поени за секој индивидуален пост. Секој член може анонимно да коментира и даде позитивни или негативни поени на постовите. Со тоа се мотивираат членовите да пишуваат корисни и интересни постови.

Енивеј, тоа е планирано за во иднина. Планови има, секогаш, само прво треба да се префрлиме на сервер со повеќе ресурси.