@Chlink, кога ќе се каже некоја паметна работа, наеднаш се активираат процесите за дробење празна слама и веднаш добрата и поучна работа станува покриена од куп булш*т. Кога ќе дојде некој во темава после два-три дена, ќе види дека има 4 страни глупости и едноставно нема ни да прочита она што било корисно напишано. Ќе си ја маркира темава како „прочитана“, успут ќе си кликне на „дизел“ у анкетата и ќе си читка други теми, на пример, ќе гледа кој си купил какви чорапи и каква заштиотна фолија за мобилниот во „си купив/сакам да си купам“...
затоа такви теми треба да бидат обрежани т.е лимитирани. бидејки е автомобилски форум, во тема за автомобилизам па макар и што си купив, треба да биде лимитирано стриктно на она што сте го купиле за вашите љубимци на тркала (автомобили мислев)... тоа од една страна, премногу се толерира, се збори за се и сешто (да не ги набројувам пак сите работи почнувајки со гаќи, чорапи, патики итн итн) исто како и подфорумите за купувам-продавам кај што се продава 95% нешто што благе везе нема со автомобилизмот туку се третира како пазар 3 или реклама 5, а од друга страна кога се спомна за отворање дополнителни теми за мотори, бидејки тука има барем 20 поткатегории, е тогаш....
зеро ке го цитирам:
ова не е СВАШТА КЛУБ... (првиот пат) а вториот пат: ова не е СЕ НА ТРКАЛА КЛУБ... да напоменам декаод мене не беше спомнато отварањето на други теми иако го делам мисењето со тие што побараа и спомнаа... значи со тој одговор од админот се задава директен удар на ителектот на луѓето... сепак, форумов е на зеро и он го води и управува како сака. но крајно време е или да смени нешто и да прејде во автомобилски форум како што доликува или да го смени името на форумот, затоа што ваков форум кој функционира на ваков начин не го заслужува името КАР клуб. баш е СВАШТАклуб.
и пред да рече било кој дека и јас сум пишувал на тој начин, ке бидам доволно само критичен (ке ве спасам од пишување) и ке речам дека ДА И ЈАС ПИШУВАВ НА ТОЈ НАЧИН И ВО ТИЕ ТЕМИ... но старите рекле дека с’ким си, такав си... јбг, ако отидам на фемина форумот да пишувам ке морам да пишувам таму за влошки, витљери, фарба за коса, нокти и се друго за што се пишува на таков форум...
очекував дека кога ке се зголеми бројот на членови на овој форум ке се применат по радикални мерки и ке се доведе форумот на ниво на кое ке биде автомобислки форум. такви радикални промени во неколку наврати беа најавувани од страна на админот но од промените нема ни П а пројдено е бајаги време. се додека бројка ве занима, џабе е се да млатиме празна слама. ДУРИ И ВТОРИОТ АДМИНИСТРАТОР во погорниот пост-цитат свесно го пишува тоа дека е така.
ова ви е одговорот на прашањето зашто слабо пишувам на форумот. било што да ми одговорите нема да реплицирам, а ке го сметам како лична одбрана, што, впрочем е и нормално и људски да се браниш кога си нападнат иако јас не нападнав туку си ја објаснив мојата гледна точка, но зеро и останати од администрација, без оглед на оваа изјава, ке сметаат дека јас сум ги нападнал... нема везе, живот иде даље и то ти је то...
благодарам на вниманието, поздрав.