Каде и колку да платам за опција на форумот одредени теми да не ги гледам кога ке стиснам на Непрочитани пораки од мојата последна посета и коментари од одредени членови исто така да не ми ги прикажува?
Што неќеш да гледаш?
Или тајна е?
Да не бидам погрешно сфатен. Воопшто не е тајна. Јас би ги сокрил темите кои не сакам да ги гледам, а тоа се одредени огласи, кладилници, чиптјунинг, фудбал, интересни понуди на користени возила, велосипеди, телевизори, дизели-мизели и многу други глупости. Мислам, ретардирани огласи од типови кои не се ни членови на форумов (односно привидно се) кои не се дојдени тука за да бидат клабери туку да продаваат глупости по идиотски цени. Стварно ми е стешко да издржам да не ги отерам у пизду татерину. несфатливо ми е како администрацијава не води сметка али јебига, нивни проблем, и тоа ќе го испочитувам во име на другарството. Башка кој сум јас, нели? Јас како што реков, само еден чекбокс ми треба за игнорирање на тема и ќе бидам многу задоволен.
јас сепак сум и за членови да не гледам. знам дека ке има такви што и мене нема да ме гледаат (со ќеиф) и тоа дури и уште поубаво ми звучи. едноставно нема да ми реплицираат на мене истите тие кои неможат да ме сварат и јадат за мене “анално исфрлени и обработени остатотоци од храна“. на прво место одамна реков дека форумов заличува на нешто друго а не на автомобилски форум. се пишува за гаќи, маици, плочки, зидови, гипс картон, консалтинг услуги, саати, кади, лустери, фармерки, одела, пластични цевки, солари, парно, клими, прозори, паркети, бормашини, елкетроники за домакинство и лична употреба... во огласите за продажба поише телефони се продаваат, машини за градежништво, и разно разни уреди за сеојдневна употреба одошто воопшто има коли и делови за коли. во темите дизел вс бензин има “конструктивна“ дискусија со тензија за репинт муабет на секој 20-30 страни, а набиени се повеќе од 1000 страни беспотребен муабет. и во досега набројаниве се врти муабет за сето тоа кој го сочинува 90% од целокупниот разговор на форумов.. останатите 10% се од луѓе кои стварно ги интересира автомобилизмот, бидејки форумот е КАРклуб а не СВАШТАклуб.
од пред месец и нешто кога прекинав да пишувам уствари ја сватив поентата зашто е тоа така. кривицата е во администрацијата и нивното високо ниво на толеранција кон ваквиот тип на пишување секако и логистиката на форумов. но да напоменам дека тоа е гледано од моја страна, од мои точки и тежишта, од мое видно поле, проценето со мој ум, разум и резонирање. јас кога би бил администратор би било поинаку. но јас не сум сопственик, не сум администратр а не сум ни газда на форумов. јас немам право да бирам и одлучувам, како што ни другите членови немаат право да бираат и одлучуваат. затоа во духот на солидарноста, дружбата, пријателството (кон оние со кои станав пријател тука на форумов) барам опција ДА СИ КУПАМ И ПЛАТАМ плагин, па макар и за мене само, да можам да турам теми и личности на игнор, да не ги гледам воопшто и конечно да видам и почитувам автомобилски форум во кој се збори и пишува за сите проблеми на автомобилите. автомобилски форум кој ке наликува на оние странски форуми во кои членувам. каде што се збори и пишува само за автомобилизам а не форум од забавен карактер кај шт се пишува БУКВАЛНО за се.
доколку фаланга сака, а гледам дека сака, можеме и заеднички да купиме плагин... нека почне конструктивноста да се појавува на фрумов... барем гледано од мои и негови очи...