Бидејќи во последно време стана тренд, се цитираат постови со слики, и тоа повеќе пати. Како на пример во темата со бандаши. Читањето во тој случај станува напорно и досадно. На едно скролање истите слики, кои понекогаш ги има и 10, е досадно, напорно и добиваш моментален напад да се вратиш назад и да не дочиташ, затоа ем што те напнуваат многуте слики, него ке го пропуштиш и коментарот односно текстот кој е 5 зборови или една реченица.
Затоа мојот предлог е кога се цитира некој член, да не се цитираат сликите, а доколку текстот е преголем, а се цитира цел, да се прикажуваат првите два три реда, а останатиот текст да е "hiden".
Благодарам на разбирањето.