Зеро не може да го заштити името Car Club.
Затоа што се работи за Авто Клуб. Авто собир. Исто како што не можеш да го заштитиш изразот Мото Клуб. Генерален е.
Не е нешто што ти си го смислил, туку е нешто што се користи со децении.
Ако некој земе на Zero да му користи CarClub налепници, маици и да остварува профит од нешто кое што е смислено и почнато од Zero, тогаш може да реагира.
Дечкиве што ја почнале страната, немале ни најмала намера да крадат нешто од овој Car Club, муабетот спонтано дошол до тема, ке правиме авто собир, како што имаат моторџиите Мото Клуб Мечки, ние ке си имаме Куманово кар клуб.
Не знам каде само успеа да видиш китење со туѓи перја, дечките не се фалат дека имаат форум, не се фалат дека имаат страна, не се фалат со собирите од овој carclub, не користат маички на овој кар клуб, не користат налепници на овој кар клуб.
Единствен "грев" е што не му дале име на car club-от, и сега сите дискусии ке ги немаше.
Пријатно се изненадив од бројот на возилата.
Голфињото на need4speed беше ѕвездата на собирот.