@kimi: Обично се воздржувам да ти одговорам, но еве сега ме испровоцира..
Објасни ми што е полуисправен производ? Со оглед на тоа дека форумот има неколку илјади посетители на ден, околу 50-100 симултани посетители во било кој момент, базата е 550 мега (од кои околу 490 се само јавните постови) со околу 1.3 милиони рекорди и помалку од 100kb overhead, мислам дека одлично се држиме. Еднаш на ден се блокира базата кога се прави автоматскиот бекап (што се случува околу 11:00 и трае 3-5 минути) и од време на време знае да се изблокира кога има премногу посетители. Порталот е со кеширање во позадина па и не троши толку ресурси, односно скоро ич во споредба со форумот.
Јебига, да, серверот е VPS (односно не е shared hosting) но со оглед на цената што веќе ја плаќаме, не можеме (во моментов) да направиме повеќе. Кога ќе има редовни пари, ќе има и подобар сервер.
А тебе неколку пати сум ти рекол, ако не ти одговара овде, можеш комотно да одјебеш.