@
velestrumf благодарам за референцата за оваа тема. имам многу пофалби како делува форумов, изглед и функционалности... секоја чест.

исто така имам и неколку прашања... едно од нив е зошто ја користите smf 1.x.x верзијата!? мое мислење е дека двојката има значително подобра безбедност, а тоа многу може да делува во функционалноста.
еден предлог уште на почеток кој мислам дека може да биде корисен... а вие сте тука да одлучите... од лева страна може да се додаде табела (вертикално) во која ќе се гледаат последните 10 или 20 постови. наместо да се оди на „почетна“ страна или на „прикажи ги непрочитаните пораки од мојата последна посета“ да се скрати едно кликнување со тоа што таа опција би се наоѓала од левата страна.