Поздрав до сите форумаши
Многу се радувам што ми истекол банот и што ќе може пак да ве дружам. И уште повеќе се радувам што ниту една порака не ми е избришана а сум баниран 30 дена. Очигледно е дека администрацијата многу ме сака и затоа превентивно ме банирала пред да напишам нешто што ќе ми избрише и ќе ме банира на подолго.. која среќа ја имаме ние на карклуб да не банираат 30 дена а да не ни избришат ниту една порака.
Во овие 30 дена имав многу време да размислам и да сфатам дека на карклуб треба да гледаме како колектив и да се грижиме за доброто на форумот па затоа и јас сакам да дадам мал придонес со една скромна донација. Се мислев како најдобро да допринесам и што му фали на форумов и сфатив дека би можел да го донирам доменот carclub.al за унапредување на форумот. затоа би го замолил зеро да ме контактира во приватна порака за да ги договориме деталите околу оваа скромна донација од која се надевам корист ќе имаат сите. Очекувам многу да се дружиме и да оставиме оставиме се' позади нас. Поздрав .