Зашто на англиски а не на јазикот на соговорникот? Ако ти е исто лесно?
Дали ако знаеш француски и збориш со французин ќе му збориш на англиски? Чисто да не биде на неговиот јазик дека нели така му го лижеш чмарот...
Не, пошто ќе ме пљукне. Ако го знаеш јазикот на соговорникот, никој не те спречува да му збориш на негов јазик.
Ова не ме иритира поради тоа што 2-3ца на форумов на srbeen му пишале на српски (или некоја квази-српска варијанта
). Нити па ми пречи што имаме членови од странство, кешки да ги има повеќе. Јас го гледам проблемот во тоа што, во горенаведената ситуација (видиш Србин или слично), непотребно се трансформираш (не ти лично) во некој што глуми Србин и одма тука „Еее брате, Партизан, Звезда брате“... Ја разбирам таа блискост што ја имаме со Србите, арно ама, 90% од луѓето што у ваква ситуација пробуваат да зборат српски, звучат најблаго кажано смешно. Јас лично, поради тоа не пробувам на српски (за да не звучам као идиот), туку на англиски, пошто ми е полесно така, иако скопскиот дијалект е 68% (ако не ие повеќе) србизми и навикнати сме си на тоа.