Муабети за политика често биле толерирани. Тоа не значи дека биле поддржувани, туку само толерирани додека некој од администрација не реши дека веќе нема да ги толерира.
Некогаш, некои работи не се поврзани со политика, па после некое време низ муабет поминуваат во политички настроени муабети. На пример:
„Да ти*ем државатаа“ е муабет кој не е врзан со политика. Врзан е со мизеријата во која се наоѓаме од економски, социолошки, културолошки и што ти ја знам кави причини. Но, на таа реченица кога одговараш со: „Коа беше партијата на ЏГЉ, беше боље отколку ссеа коа е паритјата на ЉГЏ“, веќе преминува муабетот во политичко препукување, затоа што има поддржувачи на едните на кои не им се свиѓа ова, и мислат дека им е(или им било) боље коа нивните симатични што ги симпатишаат биле на власт.
Така, на форумов некои муабети околу/за политика ескалираат од муабет кој нема врска со политика, но и се толерира затоа што едноставно сме лабав форум кој дозволува да се опуштат луѓето. Кога ќе се опуштат премногу, некој од администрација (кој колку може, пошто и нас мизерен нѝ е хонорарот

), ќе изреагира своеволно. Значи не се собираме на колегиум да одлучуваме дали нешто ќе се толерира или брише, но ако некој од аминситрација превземе некоја акција, сите (двајца) останати, сме/се fine with it. Секако, Зеро има главна реч, па може да реагира спротивно од некој модератор.
Така да, престанете да цмиздрите, и ако нешто видиме дека излегува од контрола, пробуваме да го решиме, секој според своите можности. Некад е подобро за нас да остаиме муабетот да спласне, па да побришеме, отколку у сред жустри расправии да бришеме пораки, што генерално придонесува до поголем револт.
Генерално, добро е да го почитувате второто правило од правилата на форумов, за да нема нервози:
2. Секакво навредување по пол, верска, сексуална, политичка или било каква определба е забрането. Тука сме да се дружиме, да се сакаме и да се држиме за раце. При вакви ситуации, прво опомена, па после бан. Колку ќе трае банот зависи од администраторот. Ако администраторот заборави дека ве банирал - траен бан!
Едит: Еве
@Banzai ме претицал, али нека стои и мојот пост.