Не сум ја избришал јас темата - најверојатно ја избришал Банзаи или Симо. Ама да сум ја видел и јас, и јас би ја избришал.
Темата се коси со правилото дека е забрането договарање нелегални трки. Можеме тука да влеземе во полемика и дебата дали тоа што го предлага Златко е „нелегална трка“ или не е - ама ако се прашувам јас, бидејќи се споредуваат времиња, да, трка е.
Дополнително, директно повикува на нелегално и ризично возење. Не дај боже нешто да се деси, стварно не би сакал некоја одговорност да биде повлечена кон Карклуб.
Секоја почит кон Златко, меѓутоа таков „предизвик“ нема да дозволам да биде објавен тука.