Нити ми е целта да бидам шизик, нити ми е целта сите да ме сакаат. А ако почнуваме со лични навреди - фино, слободно викај ме pussy.
Повторно, не сум ја избришал јас темата (во меѓувреме ми кажа Банзаи дека тој ја избришал), ама го поддржувам во одлуката. Повторно - ништо лично до Златко, го почитувам и го ценам човекот, и го сметам за еден од најинтересните членови на форумот. Секогаш има интересни и размислени аргументи и со задоволство му ги читам постовите.
Едноставно, не сакам ни од дистанца да го инволвирам Карклуб во нелегални настани. Дури ни со објаснување и некакво квази-легално оградување од истите. Не сакам да се заебавам со потенцијалните последици и трошоци. Ти нарекувај ме pussy и продолжи да гаиш некакви илузии зошто е избришана темата.