Бан и закана со бан е сосема нормална мерка ако некој претера во своето однесување. Никој нема да добие закана за бан или бан заради сакање или несакање некој бренд.
Е сега, форумов постои скоро една година, и до сега се банирани само двајца. И двајцата отидоа во екстреми со однесувањето и навредувањето. Попија бан, мирна глава. Никој тука не е ниту воспитувач нити родител на некој друг од форумов (осим неколку исклучоци), за да се превоспитуваме.
Однесувањето на секој член може само да му служи на чест. Секој форум, па и овој е еден вид на
meritocracy. Или, на нашки кажано - секој според заслугите.
1. Возрасни сме, апсолутно. Треба сите да се однесуваме како такви. Сите знаеме да се заебаваме, да се смееме и да тераме сеир. Ама тоа треба да биде во некои граници и во некоја нормала, и во
ниеден случај да не пројде во навредливо и грубо однесување.
2. Фала богу, размислуваш како нормален човек. Никој не треба никој друг да не тера да мрази ништо друго, камоли па кола. На форумов сме собрани луѓе што имаме (некакви) познавања од возила, па имаме и сродна точка за муабет и комуникација.
3. Пак ќе речам - коментирањето треба да му служи на чест на тој што коментира. И не е само што ќе се каже, туку и како ќе се каже. Многу полесно и посреќно ќе прочитам пост на кирилица, со правилно користење интерпункциски знаци, празни места, нови редови, граматика итн.
4. Тоа што тебе лично некој те нападнал, секогаш можеш да пријавиш несоодветно однесување на некој член, и ние соодветно ќе постапиме по тоа. Терминот Тролање е „универзален“. Јебига.
Секој член треба да биде доволно човек, и кога ќе му се укаже дека греши (особено кога ќе му укажат повеќе членови) да провери дали стварно однесувањето му е или не му е во ред.