Како што еднаш напишав, најлесната работа што можам да ја направам е да го затворам форумот, и да имам една обврска помалку во животот. Хауевер, тоа не е поентата.
Со форумов направивме заедница која е прилично добра и навистина функционална. Да, се дрибламе еден со друг, се заебаваме и на своја и на туѓа сметка, ама тоа е дел од тоа што значи да се биде и да се има заедница.
Но ако не внимаваме сите, и ако дозволиме да избега од контрола (како што избега денес), форумот многу брзо ќе се загуши, и многу брзо ќе се удави во сопствените срања. А верувајте, тоа никој не го сака, најмалку јас.
Затоа, апел еден до сите членови:
Да повнимаваме на однесувањето, на зборовите кои ги користиме и начинот на кој се обраќаме. Да повнимаваме на ОТ. Да повнимаваме на целосната состојба на форумот. Џабе се и 20 модератори ако колективното однесување на форумот е надвор од контрола. Тогаш единствено решение е да се затвори форумот. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до тоа.