Што мајка бараш таму бе ненормален еден. Бегај додека не ти туриле глицерин DOT4 во инфузијата ебате.
конечно дома...
можда глицерин не, ама дефинитивно не ми се лежеше таму... си потпшав, си отидов... инаку сум запрепастен од услуживоста и почитта на докторите кон пациентот. такво нешто тука во скопје не сум доживеал од доктор. нај пофални зборови за нив, поготово кога ке се земе предвид условите во кои работат.
ај сега да појаснам...
во петокот вечерта, со фамилија и плус колегата одлучивме да си идеме у викендица, у планина. јас тргнав пред него едно саат време, затоа што требаше попатно да застанам да набавам храна. и така бидна. стигнав во тетово, вртам на рамстор, кај палма трејд, се паркирам на паркингот (темница, нема светло баш нешто многу), излегувам од кола, правам еден чекор и следниот чекор осеќам дека го губам тлото под нозе... упаднав во некоја дупка од решетка-шахта со десната нога... и онака се извлеков одма, ама седам на земја, ненормално многу ме болеше... после 10 секунди доаѓа жена ми до мене и децава, сваќаат дека сум се сјебал, а јас уствари мислев дека само ме боли и ништо поише пошто онака фино се заринав и не ми е прв пат во животов да ми се деси тоа, пошто и у канал имам упаднато... после 1 минутка уствари сваќам дека панталоните и дуксерот ми се утоп мокри ама не од вода туку од крв... ја вртам дупката од пантолоните што ми се направи и гледам на ногата и го видов нај гадниот момент за мене... околу 15-тина сантими долга и неколку сантими длабока рупетина во бутот... си ги гледав мусколот, вена некоја и богами масното ткиво...
застана еден човек, ми помогна да станам ме седна на совозачко, (среќа жена ми има возачка) и трк во болница во тетово... таму на хирургијам прво анестезија, па чистење, па крпење на раната, па на крај тетанус една во гз една во рамо. и ме качија горе... и после некое брзо време ја пишав пораката, станав, потпишав и си отидов од таму. сега сум ок, освен што ногава е полусјебана... прееска во градска на преврска, ме израдуваа дека нај малку 2 недели ке си ги носам конците... супер... во сред сезона, а веке имам договорени работи кои неможам да ги пролонгирам...
слика:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
на тоа обележаното, си ја искасапив ногата.. имам и слики од крпеното на нога, сликано прееска на преврска ама мислам дека не е соодветно да ја турам...
томе... банза... да тужам? приватен паркинг на рамстор, т.е. сопственост на палма трејд...
АУУУУУУУУ
онак гледајки ја сликава и она што го кажуваш си поминал да не кажам одлично, можело да биде многу пострашно.
Што побргу да оздравееш и без последици.
Пред некое време во моето село една жена излегувајки од колата погодува со ногата помегу две решетки каде што фали само една, значи дупката беше многу помала од таа која си ја погодил ти. Целата нога и пропадна и и заглави неможеше да ја извади. Дојдоа пожарникари и ја сечеа шахтата за да ја ослободат, жената се онесвести од болка. Случката беше хорор...