Само што си направивме муабето со Спортекс на телефон ми ѕвони една моја добра пријателка. Девојката вози Поло службено од Прокредит банка. Ми се јавува и ми вика абе нешто не иде колава, максимум 40 крева, имаш ли поима што и е?
Јас и викам знам што и е, Поло е. Се смеам она вика не заебавај кажи ако знаеш. Викам свети жолта сијаличка кај брзиномерот? Вика свети, ама сега се запалила пошто не светеше. Супер викам, ајде во Порше на сервис. Ми вика абе знам дека ја имаат нашиве спукано со Порше и не знам некаде на излез од скопје ги носат. Велам нека ги носат кај сакаат. Ми вика а да не ми мрчат нешто од што се расипува тоа? Велам нема да ти мрчат веројатно се веќе навикнати, тоа црка само од себе, терај и немај гајле, само пази на раскрсници да не ти изгаси па да те плесне некој

Епа така....