Види, најмал проблем се дизните и ремапот Најголем проблем е како да усиса повеќе воздух за да може да произведе повеќе енергија.
Тој мотор е најефикасен помеѓу 4500-5000 вртежи (макс. втрежниот момент му е на 4700 вртежи). Тогаш успева да собре најмногу кислородни молекули во цилиндрите. Потоа, над 6100 вртежи кај што е максималната снага, веќе зголемувањето на вртежите не придонесува за зголемување на снагата, затоа што толку многу опаѓа вртежниот момент. Вртежниот момент опаѓа поради тоа што во цилиндрите веќе не се создава енергија која што може да го бутка клипот со таа сила надолу, како при 4700 вртежи, односно не може да собере веќе толку кислород/воздух во цилиндрите.
Ти со поместување на палењето и со бризгање повеќе гориво, малку ќе ја промениш работата, едноцифрен број проценти, но за да добиеш повеќе озбилна снага при високи вртежи, мора да овозможиш полнење на цилиндрите со воздух при тие високи вртежи.
Она што треба да направиш е, , да овозможиш во моторот при тие вртежи (над 6000...) брзо да влезе повеќе свеж воздух, за да може да согори, и истиот побрзо да излезе низ издувната грана:
- Значи, мора да имаш усис без рестрикции, веројатно со добро пресметан indution kit;
- исто така нова издувна грана повторно добро пресметана со прописни димензии на портовите и соодветни должини (5-цилиндарец прилично ја усложнува издувната грана), без рестрикции од катализатор, преден/среден лонец и проточен заден лонец, без бекпрешр;
- Поголеми усисни (па и издувни ако може) вентили;
- Нови или обработени агресивни брегасти со поголем лифт и поголем преклоп;
- Зголемување на компресијата на моторот Накај 12:1;
- Портинг на усисните и издувните канали, за да се подобри протокот на воздух и издувни гасови во самата глава;
- И на крај 250е ремап, за сите овие промени да го добијат својот максимален потенцијал.
Е после сето ова може ќе ја видиш бројката од 255км/ч од твојот N/A мотор.
Секако, за високи вртежи ќе помогнат и лесни ковани клипови и клипњачи, олеснета балансирана радилица и олеснет и балансиран заедно со радилицата замаец.
Тјунинг на атмосферец е многу интересна работа, и ако имаш вишок време и пари, задоволство е да се прави, ама нема магично стапче кое ќе ти ја крене снагата за 30-40%, за да може да видиш таков напредок во максималната брзина. Колку што гледам по спецификации, твојата кола има максимална брзина од 210 (освен ако не лажат од Волво), така да до 255 треба солидни промени да се направат. 250 евра нема да те донесат до 255.
Камо да успееш, па да ни` го пренесеш рецептот и на нас, ќе му се најде на секој што има 250-тина евра при рака за да си ја качи снагата на возилото за 20-30%. Јас на твое место, би го ископирал рецептот од лоу прешр турбо сетапот што го има 2.5т со 190-200-тина кс, после тоа ќе имаш одлична основа за постигнување на целта 255км/ч. Со намалување на компресија и зголемување на буст, сигурно ќе стигнеш до здрави 230-40кс, кои ќе бидат доволни за таа максимална брзина. Ем поефтино ќе те кошта (мада пак повеќе од 250е, ама далку помалку од преработка на атмо-то).
Тоа се моите размислувања. Јас на атмосферец со вишок 250е (ако не ми се вишок, за добар сервис би ги искористил), би напраил само дерестрикција издувот (декат, тргање преден/среден лонец зависи што има, убав проточен заден лонец..), и евентуално доток на свеж воздух доколку е мутаво решен дотокот на воздух во моторот. Ремап би праел евентуално со следните 250е.