Автор Тема: Различен офсет на бандажи. Дали ќе имам проблеми?  (Прочитано 1346 пати)

Отсутен themacedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Дали ако ставам бандажи со офсет различен од офсетот на фабричките бандажи (на сите 4 тркала), ќе имам некакви проблеми со безбедноста во возењето или побрзо трошење на некои делови од подвозјето? Конкретно кај мене офсетот на фабричките бандажи е 45мм додека офсетот на бандажите кои мислам да ги ставам е 35мм.



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Ќе бидат поизбацени или пововлечени. Ако не ти смета тоа, немаш никаков проблем.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
45 (не знам во која мерна единица се мери, ваљда mm) е највовлечен офсет што се произведува. Ако е офсетот во mm, бандажите ќе ти бидат по 1 цм поизбацени, и ширината на трагот ќе се зголеми нели за 2 цм.

Проблеми нема да имаш, освен ако моментално од гумата до крилото има помалку од 1 цм.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Се произведува и пововлечен од 45. Многу зависи од ширината на самиот бандаш. Ако станува збор за бандаши со иста ширина, тогаш помала бројка значи поголемо исфрлање према надвор. Прва работа што ќе приметиш е дека самите тркала имаат тенденција повеќе да ги пратат нерамнините на патот од претходно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Stock Golf GTI бандаж е ЕТ 51.. Со тие „тестните“ бандажи (кои беа ET35) имаше приметлива разлика во нерамнини.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
I stand corrected.

Отсутен themacedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Фабричките бандажи се со големина 15-5,5-4х100 и офсет 45 (некаде видов и 39 вредност). Сакам да земам уште еден комплет за наго да ги монтирам зимските гуми и да ги чувам складирани на бандажи во летниот период. И летните и зимските гуми ми се со големина 185-60-15.
Е сега излезе дека оваа големина на бандажи најретката. Најдов поволни бандажи од Голф 4 ама сега излезе дека централниот отвор е поголем. 
 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Централниот отвор се решава за максимум 1000 денари со пластични адаптери кои може да ги изработат на секој вулканизер. Нека не те спречува тоа доколку зделката е добра.

Отсутен themacedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Да ама не сум многу мераклија на такви модификации.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Не е тоа модификација, тоа е сосем нормална работа. Нека не те загрижува.