Автор Тема: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници  (Прочитано 169669 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
@vladic3110 sporeduuvas farbanje na tocak i kola? pa tocakot uz voznja da go farbas nema da se primetuva pucka na 30mm sipce... ovde imas hauba od 1.5m2... daj malku poseriozno... Ni so 24L ni so 50L kompresor nema da ofarbate kola pogotovo ne baza... Ali da ne vi se mesam, terajte, pa dajte da vidime kako izleglo

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5929
Ништо не споредувам, предлог дадов само бидејки членот прво напиша дека само лакот му е оштетен на кров да проба сам да си го  оправи, ако ништо друго барем да го припреми до пред фарба ако сака да уштеди некој денар, ама  како шо  глеам на сликите шо ги постирал цела кола е за фарбање.. Е сеа како шо се спомна  погоре, ако  не е работата  како на Влатче пунтото од 1000 евра да фукни 700 за да го префарба, ако се работи за сентиментални причини  или средствата не претставуваат никаков проблем  фала богу  дека и јас би ја носел кај профи мајстор во комора.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Ќе му приговорам на @зоки-златен за полирање после фарбање, зошто од изнагледани проекти (и ниско и високобуџетни) по интернетов, секаде се фарба кола, се шмиргла лакот со ситна водена шмиргла, се полира еднаш грубо па уште еднаш фино.

Гледаат луѓето да го елиминираат orange peel ефектот и било кои минијатурни грешки при фарбање, зошто и во најчистата комора со нови филтри се дешава да забега нешто што не треба.

Да, идеално е да ти средат кола до перфекција без да мора да се доплаќа за уште работна рака за полирање, ама тоа ептен среќа треба да има мајсторот да му се погодат сите услови.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Да, ама зошто да се полира? Лакот го плаќаш, зошто некој да ти го струга? Зошто како што викаш дупла работа да се прави, кога може од прва?
Порано кога немало полирки, како можеле да фарбаат и тоа да изгледа одлично, со таа опрема што ја имале.
Денес опремата и материјалите ги има во изобилство и некој автолакер ќе ми каже после фарбање мора да се полира? Ма дај...


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Мислам дека стандардите за „добро фарбана кола“ денес се повисоки од „добро фарбана кола“ порано. Има разлика и во боите, денес ради еколошки стандарди имаме бои на водена база наместо на маслена база (или какви и да биле).

Него, тој што намерува да шмиргла лак после фарбање го пресметува тоа, и си нанесува рака-две плус од потребното.

Врвни мајстори го практикуваат тоа така да не би рекол дека е до мајсторијата. Пак ќе кажам, според мене е до стандардите назад во времето и денес...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Кога станува збор за фарбање кола како што праша членот, нема место за аматеризам. Кола е, не е рам од точак. Се слагам со се што кажа ти и држи вода, јас сите бандажи надвор во двор сум ги фарбал и искочиле преубаво. Ама бандажи, врата од кола кога фарбав друга беше сликата на крај.

Како ја чистиш рѓата од бандажите, нанесуваш основна боја па боја и колку време ти траат пред да излези рѓата пак?

500€ попрво би инвестирал во некаква гаража, настрешница ако има чоекот опција, и како и да ја исфарба резултатот ќе биди 10 пати поарен отколку моменталната ситуација, дури и со четка.  :P ::)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Само да се потсетиме дека не е до комората, туку до мајсторијата и подесувањата на опремата за фарбање.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Па кај го најде баш овој што фарба во комора? :))

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Незнае баш да фарба,има добра опрема и комора 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Кога станува збор за фарбање кола како што праша членот, нема место за аматеризам. Кола е, не е рам од точак. Се слагам со се што кажа ти и држи вода, јас сите бандажи надвор во двор сум ги фарбал и искочиле преубаво. Ама бандажи, врата од кола кога фарбав друга беше сликата на крај.

Како ја чистиш рѓата од бандажите, нанесуваш основна боја па боја и колку време ти траат пред да излези рѓата пак?

500€ попрво би инвестирал во некаква гаража, настрешница ако има чоекот опција, и како и да ја исфарба резултатот ќе биди 10 пати поарен отколку моменталната ситуација, дури и со четка.  :P ::)
Не се расправам јас со бандажи што фаќаат р'ѓа :D
Имаш антирост средство против р'ѓа кое одлично делува. Ако металот е зафатен од повеќе корозија тогаш и челична четка користам, некогаш рачно или на машинче. Па следи прајмер или основна што викаш, па ако има гребаници, дупчиња ставам и неколку раце филер да потполни. Стругаш со водена шмиргла, обично 600ка користам пред фарбање. Боја лак, досега се што имам исфарбано не кородирало повторно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Па кај го најде баш овој што фарба во комора? :))
Заради комората е таков резултатот? :)

Незнае баш да фарба,има добра опрема и комора 😁
До комората е. :)

П.С: Поентата е дека кај нас има комори, опреми, а резултатот може да е батал.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Не де, секако најзначаен момент е подготовката претходно, како и чистењето на површината. А, комората помага да се има чиста површина.
Туку, што е ставот на фарбање во акрил (single stage)? Како е трајноста? Има смисла денеска да се фарба во акрил, или се прави само зашто е поевтино?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Не де, секако најзначаен момент е подготовката претходно, како и чистењето на површината. А, комората помага да се има чиста површина.
Туку, што е ставот на фарбање во акрил (single stage)? Како е трајноста? Има смисла денеска да се фарба во акрил, или се прави само зашто е поевтино?
Orange peel што е главниот проблем за шмирглање отпосле и не доаѓа од тоа. Доаѓа од несоодветно нагоден притисок, проток на воздух, количина на распрскана боја и раздерување на бојата. Поточно поголеми капки на лак од распрскувачот. Кај голем број фарбачи немаат идеја за како да се подеси сето ова. А ако малку те занима, и сакаш да испробаш - не е воопшто комплексно да пробаш 20-30 сетинзи и да откриеш која е идеалниот сетинг во тој момент дури и аматерски како нас.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Абе тие не сакаат роботите у фабрика да ги наштелуваат, мајстор во гаража ќе ти штелува :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Епа драги гледачи, толку и од Буби Бис (ако воопшто некогаш фарбале добро).

Исти преваранти како и останатите "мајстори". На слепо сум ги препорачал на милион луѓе, ама си го повлекувам зборот.

Засегнатиот ќе се зачлени на форумов и ќе сподели слики, али случајно некој у меѓувреме ако планира да носи кола таму, нека почека. Се чудам уште дали и егзотичните коли што ги сликаат исто ги третираат.

Неколку тизерчиња од "готова" кола: