Со оглед дека е настанат договор во кој не е инволвирана Мазда МК, како овластен увозник на Мазда, не постои реална можност за пријава кон централата на Мазда.
Поправката на ова возило не е направено по препорака на Мазда МК, туку по лична одлука и договор помеѓу Богдановски и корисникот, и секако е земено во предвид дека повеќето поправки на Мазда возила се прават токму таму па така е донесена и одлуката.
Ова треба да е дека е доволен пример, Мазда МК да се замисли каде сугерира поправка на возила, кога тоа е случај, а секако и Осигурителните куќи. Од друга страна, Мазда МК има свој стандарден сервис но нема свој авотлакерски и автолимарски сервис, што можеби е причина за потенцијално одвраќање на купувачите од купување на Мазда како бренд.
Од трета страна, можеби бројките на продажба не дозволуваат поголема финансиска инвестиција во поддршка на брендот.
Да сум на местото на Мазда МК, итно би го сменил сервисот, и би побарал подобра алтернатива, иако генерално во МК е вистинска реткост да најдеш нормален човечки лакеро-лимарски сервис.